Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.03.2016 година, со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.03.2016 година, со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 3 став 1 во делот: „прописите донесени врз основа на овој
закон”; и ставот 2 во делот „а се однесуваат на работниот однос на вработениот,
се применуваат општите прописи за работните односи“
– член 4 во делот: “други прописи донесени врз основа на закон”
– член 25 во делот:„општите прописи за работните односи“
– член 26 во делот: „општите прописи за работните односи“
– член 35 став 1 во делот: “или друг пропис” и став 2 во делот: “и друг
пропис” и
– член 41 во делот: “и / или колективен договор“
сите од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република
Македонија“ бр. 27/2014 и 199/2014).
Реферат У.бр.141/2014

2. Член 17 алинеја 2, член 65 став 1 во делот: “освен секретарот и
кабинетските службеници” и член 70 став 2 во делот: “освен секретарот”, од
Законот за административните службеници (“Службен весник на Република
Македонија” број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015 и 5/2016).
Реферат У.бр.158/2014

3. Член 46 став 2 алинеја 3 и член 82-б точки 3 и 9 од Законот за
надворешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2006,
107/2008, 26/2013, 39/2014, 61/2005, 103/2015 и 226/2015).
Реферат У.бр.122/2015

4. – Член 51 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) и
– член 70 став 1 од Законот за парничната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 16/2010 и 124/2015)
Реферат У.бр.20/2016

5. Колективниот договор на Македонски Телеком АД Скопје донесен под број
02-76267/1 од 26.03.2014 година во делот Прилогот 1/A со архивски број 266388/2
на Македонски Телеком АД-Скопје.
Реферат У.бр.51/2015

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување, со нацрт-одлука по предметот
У.бр.90/2015