Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.03.2016 година, со почеток во 09.00 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 2 став 1 алинеја 2, во делот: „културата“ и член 14
став 2 алинеја 19, во делот: „подгрупа 4 – даватели на јавни услуги во областа
на културата“ од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на
Република Македонија“бр.27/2014 и 199/2014).
Реферат У.бр.22/2015
2. Член 18 став 2 алинеја 7 од Законот за политичките партии („Службен
весник на Република Македонија“ бр.76/2004, 5/2007, 8/2007, 5/2008 и 23/2013).
Реферат У.бр.103/2015
3. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за четврт И 11,
општина Аеродром – Скопје, донесена од Советот на општина Аеродром на 28
јануари 2014 година („Службен гласник на општина Аеродром“ бр.3/2014)
Реферат У.бр.77/2015
4. Член 4 став 1 точка 7 од Правилникот за начинот на утврдување на
состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството,
определувањето на носителот на правото и потребната докумантација за
остварување и користење на правото на социјална парична помош („Службен весник
на Република Македонија“ бр.54/13, 126/13, 11/15, 25/15 и 77/15).
Реферат У.бр.126/2015