Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за II-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 10.02.2016 година, со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за II-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 10.02.2016 година, со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 58 став 1 во делот „може да“;
– член 59 став 1 во делот „може да“;
– член 60 во делот „може да“;
– член 61 ставовите 1 и 2 во делот „може да“;
– член 62 во делот „може да“;
– член 63 во делот „може да“;
– член 65 ставовите 1 и 2 во делот „може да“;
– член 70 во делот „може да“ и
– член 71 во делот „може да“
од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на
Република акедонија“ бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 55/2012 и 77/2012 –
пречистен текст, 29/2014, 33/2015 и 193/2015).
Реферат У.бр.100/2015

2. Член 61 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2011)
Реферат У.бр.114/2015

3. Член 23 од Законот за воздухопловство („Службен весник на Република
Македонија“ број 14/2006, 24/2007, 103/2008, 67/2010, 24/2012, 80/2012,
155/2012, 42/2014, 97/2015 и 152/2015).
Реферат У.бр.118/2015

4. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за четврт И 11,
општина Аеродром-Скопје, донесена од Советот на општина Аеродром на 28 јануари
2014 година („Службен гласник на општина Аеродром“бр
3/2014).
Реферат У.бр.35/2015

5. Одлука за донесување на измена и дополнување на Детален урбанистички
план за дел од „Центар“, дел од УБ 1, УМ 1 и 2, за урбанистичка парцела број
80-а во општина Штип, бр.07-8702/1, донесена од Советот на општина Штип на 10
декември 2012 година.
Реферат У.бр.63/2015

6. Член 1 точките 79 и 80 од Програмата за дополнување на Програмата за
располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на
подрачјето на општина Штип за 2015 година, донесена од Советот на општина Штип
(„Службен гласник на општина Штип“ бр.6 од 28 мај 2015 година)
Реферат У.бр.128/2015

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.59/2015