Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за I-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.02.2016 година, со почеток во 09.00 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 137 став 2 од Законот за парничната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).
Реферат У.бр.70/2015
2. Член 549 од Законот за кривичната постапка (“Службен весник на
Република Македонија”, број 150/2010 и 100/2012)
Реферат У.бр.73/2015
3. Член 5 став 6 од Законот за заклучување на стечајните постапки
отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и
Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2014).
Реферат У.бр.90/2015
4. Колективниот договор на Македонски Телеком АД Скопје донесен под број
02-76267/1 од 26.03.2014 година во делот Прилогот 1/A со архивски број 266388/2
на Македонски Телеком АД-Скопје.
Реферат У.бр.51/2015
5. Правилник за постапката за станбено обезбедување на активниот воен и
цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија со купување на
стан во лична сопственост, број 01-5270/1 од 22.09.2015 година, донесен од
министерот за одбрана на Република Македонија.
Реферат У.бр.95/2015
6. Член 1 и член 2 од Одлуката за донесување на детален урбанистички
план за дел УЕ 6, дел од населба „Горно Маало“ со опфат на КП број 5167, 5166,
5168, 5170, 5181, 5180, 5182, 5183, 5184 и 5185 КО Штип 3 (0,63 ха)-општина
Штип (2012-2017) („Службен гласник на општина Штип“ бр. 10 од 10 јули 2013
година)
Реферат У.бр.101/2015
7. Член 72 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа
на стопанството–пречистен текст („Службен весник на Република Македонија“ бр.
115/2014)
Реферат У.бр.127/2015
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.41/2015