Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 31-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.12.2015 година, со почеток во 09.00 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата
управна постапка (“Службен весник на Република Македонија”, број 51/2011)
Реферат У.бр.4/2015
2. Член 10 став 2 во делот: “под услов пристапот до овие ин-формации да
не е забранет со посебен закон”, член 58 став 1, член 91 и член 104 став 2
алинеја 2, од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република
Македонија”, број 124/2015).
Реферат У.бр.71/2015
3. – Правилник за надоместоците за користење на фонограми и изведби, во
целина и посебно и член 1 ставови 1, 2 и 3, член 2, член 6 став 4
– Тарифа за надоместоци за користењето фонограми и изведби, во целина и
посебно тарифни броеви 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 22, 23, 25, 28, 29, 30, 31
ставови 2 и 3, 32 ставови 2 и 3, 33 ставови 2 и 3, 34 ставови 2 и 3, 35 став 7,
36 и 37 под г)
донесени од Собранието на Организацијата за колективно управување на
правата на проиозведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи
„Македонска музичка индустрија- ММИ“ и објавени во
„Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2012.
Реферат У.бр.201/2012
4. – Член 51 став 1 и став 2, во делот: „подуслови определени во
Правилникот за дисциплинска одговорност“ од Статутот на Адвокатската комора на
Република Македонија, донесен од Собранието на Адвокатската комора на Република
Македонија на 28.05.2006, 25.05.2007, 30.05.2009, 28.05.2011, 12.05.2012 и
18.05.2013 година (објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.
76/2013),
– Кодексот за професионална етика на адвокатите, адвокатските стручни
соработници и адвокатските приправници на Адвокатската комора на Република
Македонија, во целина и посебно точка 32, во делот: „но, ниту, по облик, ниту
по содржина, не смее да служи за рекламни цели“, од истиот Кодекс, и
– Правилникот за дисциплинска одговорност, донесен од Управниот одбор
на Адвокатската комора на Република Македонија, на ден 14.10.2006 година, во
целина и посебно: член 13 став 1 алинеите 1, 4 и 10 и став 2, во делот:
„Забрането е истакнување на имињата и називите на клиентите кои адвокатот ги
застапувал и ги застапува на неговата ВЕБ страна, член 14 став 2, во делот: „и
13“ и во деловите: „1“ и „4“ и член 50 од Правилникот.
Реферат У.бр.21/2015
5. – Член 51 став 1 во делот: „која е утврденаво органограмот Аналитичка
проценка од Правилникот за внатрешна организација, систематизација и исплата на
плати на ЈП „Македонски шуми“ од Колективниот договор за работниците во Јавното
претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО-Скопје, склучен
помеѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на
Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“, од 2006 година;
– член 20 од Правилникот за внатрешна организација, систематиза-ција на
работните места и исплата на плати при ЈП „Македонски шуми“ ПО-Скопје, донесен
од Управниот одбор на наведеното претпријатие под бр.02-2142/1 од 17.11.1998
година и
– Одлуката за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна
организација, систематизација на работните места и исплата на плати, бр.
02-2588/2 од 25.11.2005 година.
Реферат У.бр.33/2015
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.84/2015