Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 04.11.2015 година, со почеток во 09.00 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на
постапка за утврдување одговорност на судија („Службен весник на Република
Македонија“ бр.20/2015)
Реферат У.бр.23/2015
2. – Член 5 од Кодексот за административни службеници (“Службен весник
на Република Македонија“ бр.183/2014) и
– Зборовите:„нашите клиенти“ од Изјавата за прифаќање на декларацијата
за заедничка мисија на вработените во јавниот сектор, објавена во прилог на
Кодексот за административни службеници
Реферат У.бр.49/2015
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.89/2015