Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.10.2015 година, со почеток во 12.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.10.2015 година, со почеток во 12.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 81 став 4 од Законот за лековите и медицинските помагала
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.106/2007, 88/2010, 36/2011,
53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014 и 43/2014) и член 13 од
Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските
помагала („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014)
Реферат У.бр.31/2014

2. Член 247 став 7 од Кривичниот законик („Службен весник на Република
Македонија“ бр.37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006,
73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012,
166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 115/2014, 132/2014,
160/2014 и 199/2014).
Реферат У.бр.6/2015

3. Член 10 став 1 точка 8 во делот „каде Фондот не го обезбедил
вршењето на такви здравствени услуги“ од Законот за здравствено осигурување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2000, 34/2000 испр. 96/2000,
50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 119/2005 – Пречистен текст, 37/2006,
18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/10, 156/2010,
19/2011-Пречистен текст, 53/11, 26/12, 65/12 – пречистен текст, 16/2013,
91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014,
20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015 и 154/2015).
Реферат У.бр.78/2015

4. – Член 26 , во делот: „блокирање на тркалата (лисици, блокатори на
тркала) или“, од Одлуката за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје,
бр.07-3395/1, донесена од Советот на град Скопје на 4 декември 2008 година;
– член 3, во делот: „Доплатна карта за паркирање на место за лица со
посебни потреби“, од Одлуката за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП
„Градски паркинг“-Скопје, бр.02-1181/8, донесена од Управниот одбор на Јавното
претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје на 17 декември 2009 година и
– член 12 став 1, во делот: „како и во случај на паркирање на возила на
места предвидени за паркирање на возила на лица со посебни потреби, од страна
на лица кои не спаѓаат во оваа категорија“, од Правилникот за начинот и
условите на паркирање, времетраењето на паркирањето односно неговото
ограничување и означување на ограничувањето на јавните паркиралишта од значење
за градот Скопје, бр. 02-1203/4-1, донесен од Управниот одбор на Јавното
претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје на 28 декември 2009 година.
Реферат У.бр.157/2014

5. – Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот
на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права и потребната
документација за остварување на правото на постојана парична помош, составот и
начинот на работата на стручната комисија и второстепената комисија,
легитимацијата на стручните лица, начинот на водење на евиденција на издадените
наоди и формата и содржината на образецот за давање на наод, оценка и мислење
за неспособноста за работа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.
11/2015) и
– Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на
утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на
домаќинството, определувањето на носителот на правото и потребната
документација за остварување и користење на правото на социјална парична помош
(“Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2015).
Реферат У.бр.64/2015

6. Заклучок бр.09-580 од 24.06.2015 година за неприфаќање на барање од
Јулијана Иванова за разрешување од член на Управниот одбор на Музејот
„Теракота“-Виница.
Реферат У.бр.74/2015

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.164/2014