Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 04.03.2015 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 04.03.2015 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 73 став 2 алинеја 2 и член 169 став 4 од Законот за внатрешни
работи (“Службен весник на Република Македонија”, број 42/2014)
Реферат У.бр.55/2014

2. – Член 12 став 2 во делот: “како и жалбата за која не е платена
судска такса” од Законот за стечај (“Службен весник на Република Македонија”,
број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/2011, 79/2013, 164/2013 и 29/2014) и
– член 6 став 3 од Законот за судските такси (“Службен весник на
Република Македонија”, број 114/2009, 148/2011 и 106/2013).
Реферат У.бр.83/2014

3. Член 49 и член 63 став 1 од Законот за управните спорови („Службен
весник на Република Македонија“ бр.65/2006 и 150/2010).
Реферат У.бр.122/2014

4. Член 129 во делот: „и подзаконските прописи кои се донесени врз нивна
основа“ и член 130 став 1 во делот: „и подзаконските прописи кои се донесени
врз основа на нив“ од Колективниот договор на Министерството за одбрана
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.108/2013).
Реферат У.бр.155/2013

5. Член 176 во целина и посебно ставот 5 од истиот член од Одлуката за
комунален ред на Општина Штип бр.07-8437/1 од 5 ноември 2013 година („Службен
гласник на општина Штип“ бр.16/2013) донесена од Советот на општина Штип.
Реферат У.бр.48/2014

6. Член 3 став 1 алнинеи 1 и 3 и сав 2 алинеи 1 и 3 од Тарифниот систем
за пренос и за пазар на електрична енергија бр.01-564/1 донесен на 28.02.2014
година од Регулаторната комисија за енергетика („Службен весник на Република
Македонија“ бр.44/2014)
Реферат У.бр.61/2014

7. Член 67 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и
одговорностите на работниците и „Макпетрол“ АД-Скопје бр.0402-186/1 од 29 март
2010 година.
Реферат У.бр.146/2014

8. – Член 1, во делот „исплатениот“, од Одлуката за прифаќање на
исплатениот надомест како справедлив надомест на име нематеријална штета, бр.
19-5943/1, донесена од Владата на Република Македонија на 10 ноември 2009
година, и
– Барање за заштита на слободи и права на човекот и граѓанинот што се
однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните, повредно со Одлуката бр.
19-5943/1 од 10 ноември 2009 година.
Реферат У.бр.172/2014