Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 05.11.2014 година
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради
приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2008 и 33/2014).
Реферат У.бр.50/2014
2. Член 14 став 1 и член 18, во делот: „донесувањето“, од Законот за извршување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 129/2006,
8/2008, 83/2009, 50/10, 83/10, 88/10, 171/10, 148/11 и 187/13).
Реферат У.бр.59/2014
3. Член 31 став 2 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија
(„Службен весник на РМ“ бр.60/2006).
Реферат У.бр.79/2014
4. Член 1 од Правилникот за дополнување на Правилникот за организацијата и
управувањето со врвниот македонски МК домен („Службен весник на Република
Македонија“ бр.30/14).
Реферат У.бр.68/2014
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.87/2014,
2. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.98/2014,