Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 25-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.10.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 25-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.10.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Тарифен број 1, точка 1 во делот: „за повторување на постапка и Тарифен број
13 точка 3 од Законот за судски такси (“Службен весник на Република Македонија”
број 114/209, 148/2011 и 106/2013).

Реферат У.бр.58/2014

2. Член 123 од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република
Македонија“ бр.13/2006, 88/2008, 159/2008, 105/2009, 133/2009, 145/2010,
171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012 и 187/2013).

Реферат У.бр.134/2014

3. – Одлука за преименување на Основното училиште „Никола Вапцаров“ во Основно
училиште „Имри Елези“ бр.07-109/3 од 27 јануари 2012 година,
– Одлука за преименување на Основното училиште „Јане Сандански“ во Основно
училиште „Јашар Беј Шкупи“ бр.07-109/5 од 27 јануари 2012 година,
– Одлука за преименување на Основното училиште „Цветан Димов“ во Основно
училиште „Хасан Приштина“ бр.17-109/6 од 27 јануари 2012 година, и
– Одлука за преименување на Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Основно
училиште „Исмаиљ Кемаљи“ бр.07-109/4 од 27 јануари 2012 година, сите донесени
од Советот на општина Чаир, објавени во „Службен гласник на општина Чаир“ бр.1
од 1 февруари 2012 година.

Реферат У.бр.35/2012

4. Член 3 став 1 точка 3 алинеја 1 и алинеја 3 во делот: „останати“, член 4
став 2 и член 8 став 1 точките 1 и 3 од Тарифниот систем за продажба на
електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи, бр.01-482/1, донесен од
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 17 февруари
2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2014).

Реферат У.бр.34/2014

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот

У.бр.88/2014,

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот

У.бр.117/2014,