Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 21-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 09.07.2014 година
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 1 во делот: „постапката за одобрување на прекинување на бременоста“,
член 3 став 2 во делот: „со писмена согласност од родителот, член 3 ставови 4 и
5, член 4 став 1 во деловите: „ставовите 4 и 5 од член 3“ и „како и пред
истекот на една година од претходното прекинување на бременоста“, член 4 став
3, насловот III „Постапка за одобрување и извршување на прекинување на
бременоста“ во делот: „за одобрување“, член 6 став 1 во деловите: „писмено“ и
„во форма и содржина што ја утврдува министерот за здравство“, член 6 став 2 во
деловите: „барањето“ и „и друга потребна документација утврдена во членот 9
став 3 од овој закон“, член 6 став 3 во делот: „е должен“, член 6 ставови 4, 5,
7 и 8, членовите 7, 8, 9 во целина и посебно ставовите 2 и 3, 10, 11, 12, 13 и
14, член 15 и Главата VII-Казнени одредби, членови 36 и 37 од Законот за
прекинување на бременоста („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2013
и 164/2013)
Реферат У.бр.137/2013
2. – Член 33 став 2 и член 67 точка 6 од Законот за заштита на населението од
заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2004, 139/2008
и 99/2009),
– член 30-а став 5 алинеја 1 од Законот за заштита на децата („Службен весник
на Република Македонија“ бр.98/2000, 17/2003, 65/2004, 113/2005, 98/2008,
107/2008, 83/2009, 156/2009, 51/2011 и 157/2011),
– член 46 став 2 од Законот за основното образование („Службен весник на
Република Македонија бр.103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011,
42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013 и 41/2014)
Реферат У.бр.30/2014
3. – Член 70 став 1 од Законот за парничната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009 и 116/2010) и
– Член 12 од Деловникот на Уставниот суд на Репулика Македонија („Службен
весник на Република Македонија“ бр.70/1992)
Реферат У.бр.77/2014
4. – Програма за урбано планирање „Ф„ на Општина Центар – Скопје за 2012 година
во делот: „ Поради економскиот развој на општина Центар-Скопје, врз основа на
член 17 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на
Република Македонија” број 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и
53/2011), овие планови ќе се донесат во скратена постапка, пропишана во член
24-а став 2, 3 и 4 од наведениот закон„ донесена на 69-та седница на Советот на
Општина Центар Скопје, одржана на 29 декември 2011 година и објавена во Службен
гласник на Општина Центар број 18/2011 од 30.12.2011 година и
– Одлука за донесување на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план
Градска четврт “Дебар Маало 1” Општина Центар-Скопје, број 07-9816/4 од
21.12.2012 година, донесенa од Советот на Општина Центар-Скопје на 94-та
седница одржана на 21.12.2012 година, објавенa во Службен гласник на Општина
Центар број 17/2012 од 25.12.2012 година.
Реферат У.бр.73/2013
5. Одлука за донесување на Детален урбанистички план „Девеана“ УЕ „Д“Блок Д 7
дел општина Кичево, 2013-2018 (4,06 ха) општина Кичево, бр.07-326/4, донесена
од Советот на општина Кичево на 31.01.2014 година.
Реферат У.бр.32/2014
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.89/2014,