Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.04.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.04.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – Член 64 ставовите 1 и 2 од Законот за денационализација („Службен весник
на Република Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010,
171/2010 и 55/2013);

– Одлука за донесување на Детален урбанистички план за северниот дел од
локалитетот на Касарната „Илинден“, општина Карпош и општина Бутел – Скопје, бр.
07-8261/7, донесена од Советот на општина Карпош на 9 ноември 2011 година
(„Службен гласник на општина Карпош“ бр.16/2011);

-Објава број 07/2012 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република
Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на објекти за
семејно домување во станбени згради, комерцијални и деловни намени и здравство
во општина Карпош со Табеларен преглед на градежните парцели и податоци за нив,
бр.08-6141/3 од 6 септември 2012 година, донесена од Комисијата за спроведување
на постапките за јавно наддавање во општина Карпош.

Реферат У.бр.156/2012

2. Член 25 став 2, во делот: „или недавање податоци за имотот и приходот“ од
Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2005,
50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010, 171/2010,
148/2011 и 187/2013).

Реферат У.бр.194/2012

3. Член 113 став 4 во делот: „надоместок за обезбедување на системски услуги и
системска резерва“ од Законот за енергетика („Службен весник на Република
Македонија“ бр.16/2011)

Реферат У.бр.102/2013

4. Член 98 ставовите 3, 4 и 8 и член 125-а од Законот за парничната постапка
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009 и
116/2010)

Реферат У.бр.21/2014

5. Член 68 став 1 точка 6 во делот „како и предлозите на законите кои подлежат
на проценка на регулативата“ и на член 73-а став 2 во делот „оценка на
Министерството за информатичко општество и администрација по предлозите на
законите од аспект на нивната усогласеност со актите кои ја уредуваат
материјата која се однесува на проценка на регулативата“ од Деловникот за
работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“бр.38/2001, 98/2002, 9/2003, 47/2003, 4/2003,67/2003,51/2006,
5/2007, 15/2007,26/2007, 30/2007,58/2007, 105/2007, 116/2007, 129/2007,
157/2007, 29/2008, 51/2008, 86/2008, 114/2008, 42/2009,62/2009,141/2009,
162/2009, 40/2010,166/2010, 172/2010,95/2011, 151/2011, 170/2011 и 67/2013).

Реферат У.бр.100/2013