Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.03.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.03.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 250 став 7 од Законот за катастар на недвижности („Службен
весник на Република Македонија“ бр.55/2013)

Реферат У.бр.67/2013

2. Член 1 став 3, поднасловот „Критериуми за добивање на овластување
регистрационен агент“, член 34-а и 34-б став 2 од Законот за изменување и
дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар
и регистар на други правни лица („Службен весник на РМ“ бр.70/2013).

Реферат У.бр.120/2013

3. Член 24 став 1, во делот: освен ако определениот пол е неопходен
услов за вршење на работата“ и ставот 2 во делот: „освен во исклучокот од
ставот 1 на овој член“ од Законот за
работните односи („Службен весник на Република Македонија“
62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11,
11/12, 39/12, 13/13, 25/13 и 170/2013).

Реферат У.бр.143/2013

4. Член 54-б точка 6 и член 54-д став 1 алинеја 5 од Законот за извршување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.35/2005, 50/2006, 129/2006,
8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010, 171/2010 и 59/2011 – пречистен
текст)

Реферат У.бр.146/2013

5. Член 14 став 12 алинеја 6 и став 29 во делот:„и други елементи кои ги
утврдува Советот“, член 41 став 2 алинеја 6 и член 200 став 1 алинеја 4 од
Законот за јавните набавки
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/2007, 130/2008,
97/2010, 53/2011, 185/2011, 15/2013, 148/2013 и 28/2014)

Реферат У.бр.160/2013

6. Член 40 став 2, член 48 зборовите „од денот на објавувањето на рефератот на
рецензентската комисија во Билтенот на Универзитетот, лица – учесници во
постапката„ и член 50 од Правилникот за критериуми и постапка за избор во
наставно-научни, наставни, наставно-стручни и соработнички звања на
Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, донесен од Универзитетскиот
сенат на 18 април 2011 година
.
Реферат У.бр.126/2013

7. Последните два реда од табелата која е во состав на член 4 од Одлуката за
одобрување на регулиран максимален приход и цена за вршење на регулираната
енергетска дејност производство на електрична енергија на АД ЕЛЕКТРАНИ НА
МАКЕДОНИЈА – Скопје за 2013 година, УП1-08-111/13, донесена од Регулаторната
комисија за енергетика на 28 јуни 2013 година („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 91/2013).

Реферат У.бр.165/2013