Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.03.2014 година

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.03.2014 година

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 162 став 1 алинеја 2 од Законот за здравствената заштита
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012, 145/2012, 87/2013 и
164/2013).

Реферат У.бр.31/2013

2. Член 17 став 1 точка 4 и член 22 став 1 точките 2, 3, 4 и 19 од
Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2011,
136/2011 и 79/2013 и 164/2013)

Реферат У.бр.93/2013

3. Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (”Службен весник на
Република Македонија” број 143/2012), во целина и посебно: поднасловот: „Цел и
содржина на Законот“,
член 1, поднасловот:„Основни начела“, член 2 и член 3 од Законот.

Реферат У.бр.133/2013

4. Член 3 став 2 и член 8 став 2 од Правилникот за начинот на поведување и
водење на дисциплинската постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на
воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата на Република Македонија и
начинот на работата на комисиите за спроведување на постапката за утврдување на
дисциплинска одговорност,број 01-154/1 од 3 јануари 2013 година, донесен од
министерот за одбрана, (“Службен весник на Република Македонија” број 8/2013).

Реферт У.бр.54/2013

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот

У.бр.125/2013