Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 25.12.2013 година.

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 25.12.2013 година.

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – Член 262 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2007, 86/2008, 98/2008,
64/2009, 161/2009 и 51/2011), и
– Член 2 став 1 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките
испити и критериумите во однос на просторните услови за материјално техничката
и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска
со спроведените возачки испити и формата и содржината на лиценцата за испитен
центар („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2007)
реферат У.бр.45/2013

2. Член 42-е став 3 во делот: „или на друг“ од Законот за
управните спорови („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2006 и
150/2010)
Реферат У.бр.150/2013

3. Одлука бр.07-1302/3 од 23 ноември 2012 година за усвојување на
измена и дополна на УП за с.Желино, за блок 1а, 1б, 2, 16, 17, 18, 19, 20, 21,
22 и 23 за период од 2010-2020 година во општина Желино, донесена од Советот на
општина Желино („Службен гласник на општина Желино“ бр.9 од 27.11.2012 година.
Реферат У.бр.23/2013

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.157/2013