Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 25.09.2013
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните
службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2012).
Реферат У.бр.115/2012
2. Член 193 од Законот за Кривичната постапка („Службен весник на
Република Македонија„ бр.150/2010, 51/2011 и 100/2012)
Реферат У.бр.168/2012
3. Член 6 став 2 од Законот за денационализација („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 20/2007, 14/2009,
20/2009 и 72/2010 и 171/2010)
Реферат У.бр.205/2012
4. Членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и валидското осигурување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2012).
Реферат У.бр.15/2013
5. Член 84-а став 1 во делот:„над 26 годишна возраст“ и во делот:„без помош на
инвалидска количка“ од Законот за социјалната заштита (”Службен весник на
Република Македонија” број
79/2009, 36/2011, 51/2011 и 166/2012).
Реферат У.бр.25/2013
6. – Уставноста на член 8 од Законот за град Скопје („Службен весник на
Република Македонија“ бр.55/2004), во делот на границата на општина Сарај со
општина Ѓорче Петров, и
– законитоста на (1) „плановите и актите донесени од други субјекти за
урбанистичкиот блок 44 и 45“ што не се донесени од општината Сарај, (2)
Решението за отстранување на објект,
бр.-УП/1, 26-147, донесено од Одделението за инспекциски работи на
општина Ѓорче Петров на 2 ноември 2012 година и (3) Генералниот урбанистички
план за град Скопје, донесен од
Советот на град Скопје на 3 декември 2012 година.
Реферат У.бр.56/2013
7. – член 17 став 12 од Правилникот за овластување и начин на работа на
контролата на Фондот за здравственото осигурување („Службен весник на Република
Македонија“бр. 105/2010, 33/2011 и 29/2012) донесен од Управниот одбор на
Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија
Реферат У.бр.35/2013
8. – Пресуда Рож.бр.190-13 од 11 април 2013 на Апелациониот суд Битола
Реферат У.бр.89/2013