Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 21-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 26.06.2013
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 99-а ставови 3 и 7 од Законот за превоз во патниот сообраќај
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/ 2004, 127/2006, 114/200
83/2010,140/2010, 17/2011, 53/2011 и 6/2012).
Реферат У.бр.66/2012
2. – Член 139 став 2 од Законот за авторското право и сродните права
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2010, 140/2010-исправка и
51/2011)
– Правилникот со тарифа за користење Авторски музички дела („Службен
весник на Република Македонија“ бр.154/2011) во целина и посебно член 4 став
1, член 6 став 1, член 7, член 8 став 1 точка 3, член 14, член 16 и член 17 од
истиот правилник
– тарифен број 2, тарифен број 3, тарифен број 4 и тарифен број 5 од
Тарифата за користење на авторските музички дела, како составен дел на
означениот правилник.
Реферат У.бр.153/2012
3. Делот: „чија висина е двапати поголема од надоместокот кој се
пресметува“ од член 20-а став 2 од Законот за постапување со бесправно
изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија“ бр.23/2011,
54/2011, 155/2012 и 72/2013)
Реферат У.бр.203/2012
4. Член 137 ставовите 1, 3 и 4 од Законот за банките („Службен весник на
Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010 и 26/ 2013).
Реферат У.бр.43/2013
5. Член 80 став 1 во деловите: „од редот на припадниците на судската
полиција во Врховниот суд на Република Македонија“ и „кој е вработен во
Врховниот суд на Република Македонија“ од Законот за судска служба (”Службен
весник на Република Македонија” број 98/2008, 161/2008, 6/2009 и 150/2010)
Реферат У.бр.57/2013
6. Членовите 45 до 56 од Одлуката за комунален ред во Градот Скопје
(„Службен гласник на Град Скопје“ бр.6/1998, 16/2001 и 5/2003) донесена од
Советот на Град Скопје
Реферат У.бр.136/2011
7. Правилник за најнискиот износ за надоместок за концесија за вршење на
здравствена дејност во мрежата на здравствени установи („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 67/ 2012) во целина
Реферат У.бр.90/2012
8. Правилник за работа на хотел „Илинден“ со депанданс, донесен од
министерот за одбрана на 19 јуни 2009 година, во целина.
Реферат У.бр.21/2013