Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.04.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.04.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 36 став 1 алинеја 1 и член 49 став 1 алинеја 1 од Законот за
надворешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2006 и
107/2008);
Дополнителен реферат У.бр.173/2011

2. Членот 104 став 2 во делот: „и положен испит за директор согласно со овој
закон“, членот 104 став 4, членот 105 ставови 2 и 4 во деловите: „и положен
испит за директор согласно со овој закон“, поднасловот „Испит за директор“
заедно со членот 106, членот 170 став 3 и членот 312 став 2 од Законот за
здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2012 и
145/2012)
Реферат У.бр.95/2012

3. Член 418-д став 1 од Кривичниот законик („Службен весник на Република
Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006,
73/2006, 87/2007, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/ 2011, 185/2011,
142/2012 и 166/2012)
Реферат У.бр.96/2012

4. – Член 3 став 1 алинеја 3, член 4 став 1 алинеја 2, член 5 ставовите
1 и 2 и член 6 ставовите 1 и 3 од Законот за судовите („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 58/2006),
– член 163 и член 164 од Законот за парничната постапка („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 79/2005) и
– член 13 ставовите 2 и 4 од Законот за судски такси („Службен весник
на Република Македонија“ бр. 114/2009).
Реферат У.бр.33/2013

5. Решение за овластување за потпишување на акти, донесено од началникот
на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, заведено под број
03-191/2 од 11 април 2012 година.
Реферат У.бр.165/2012

6. Член 3 став 2 од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето
на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување донесен од
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 5
септември 2012 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2012
Реферат У.бр.180/2012

7. Член 4 став 1 точка 1 во делот: „POLICE“ од Правилникот за начинот на
регистрирање на возилата на полицијата во Министерството за внатрешни
работи, како и за формата и содржината на регистарските таблици („Службен
весник на Република Македонија“ бр.73/2009).
Реферат У.бр.202/2012

8. Член 1 од Тарифниот систем за изменување и дополнување на Тарифниот
систем за продажба на електрична енергија на тарифни потрошувачи бр.
01-1309/1, донесен од Регулаторната комисија за енергетика на 30 јули 2012
година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/2012
Реферат У.бр.26/2013

9. – Одлука за ѓраѓанската иницијатива за самопридонес за изградба на
фекална канализација и водоснабдителен систем на населените места Требош,
Палатица и Озормиште, број 07-795/5 од 19 август 2009 година, донесена од
Советот на Опшина Желино и објавена во („Службен гласник на општина Желино“
бр.9/2009) и
– Одлука за приклучок на водоводната и канализационата мрежа во
општина Желино, број 07-795/6 од 19 август 2009 година, донесена од Советот
на Опшина Желино и објавена во („Службен гласник на општина Желино“ бр.9/2009).
Реферат У.бр.29/2013

10. – Заклучок бр. 07-167/11 од 19.02.2013 г.
– Заклучок бр. 07-167/15 од 19.02.2013 г.
– Заклучок бр. 07-167/16 од 19.02.2013 г. сите донесени од Советот на
Општина Другово.
Реферат У.бр.40/2013

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.32/2013