Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 14-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 17.04.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 14-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 17.04.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на
Република Македонија“ бр.95/2012) во целина и посебно член 19, член 28 став
2, член 30 став 1 точка 5, член 40, член 44 точка 2, член 45 став 1 точка 7,
член 49 став 1 точки 1 и 2 и член 50 од истиот Закон.
Реферат У.бр.141/2012

2. Член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
радиодифузна дејност (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/201
Реферат У.бр.147/2012

3. Член 5 став 1 точка 3 од Тарифниот систем за продажба на електрична
енергија на тарифни потрошувачи, број 01-824/1, донесена од Регулаторната
комисија за енергетика на 30.06.2011 година („Службен весник на Република
Македонија“ број 88/2011).
Реферат У.бр.198/2012

4. Одлука за донесување на Изменување и дополнување на Детален
урбанистички план “Долно Водно” Општина Центар-Скопје, број 07-2780/22 од
05.04.2012 година, донесен од Советот на Општина Центар-Скопје на 75-та седница
одржана на 05.04.2012 година, објавен во Службен гласник на Општина Центар
број 4/2012 од 09.04.2012 година.
Реферат У.бр.14/2013

5. Решение за разрешување и именување на членови на училиштен одбор на
општинско основно училиште „Јосип Броз Тито“ – Струга, бр. 07-795/14 од
22.02.2013 година, донесено од совет на општина Струга („Службен гласник на
општина Струга„ бр.5/2013).
Реферат У.бр.42/2013