Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 38-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 26.12.2012
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 1 и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2012).
Реферат У.бр.121/2012
2. Член 8 став 6 во делот „и кое има запишан капитал и резерви од
минимум 100.000 евра во денарска противвредност во билансот на состојбата од
тековната година и/или запшан основен влог за новото трговско друштво, односно
банкарска гаранција за обезбедена финансиска стабилност“ од Законот за превоз
во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004,
127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011 и 6/2012).
Реферат У.бр.130/2012
3. – Одлука за одржување на јавна чистота и утврдување на надоместок за
одржување на јавната чистота, бр.07-2285/16 од 14 септември 2009 година,
донесена од Советот на општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.
9/2009);
– Одлука за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски
Комуналец“ Охрид, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие (под
бр. 02-204/2 од 24.01.2012), објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.
1/2012; и
– Одлука за висината на надоместокот за одведување и третман на
атмосферските води на подрачјето на градот Охрид, донесена од страна на
Управниот одбор на Јавното претпријатие „Нискоградба Охрид“ (под бр.02-313/3
од 27.07.2010), објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.10/2010.
Реферат У.бр.112/2012
4. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за урбан блок 6.01
– нова поделба според ГУП, донесена од страна на Советот на општина Прилеп
на 24.08.2012 година и објавена во („Службен гласник на општина Прилеп“ бр.
9/2012)
Реферат У.бр.139/2012
5. Одлука за исплата на еднократна парична награда, број 07-5569/ 30 од
18.07.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје, објавена во
“Службен гласник на Општина Центар-Скопје”, број 12 од 2 ноември 2012
година.
Реферат У.бр.200/2012 со нацрт-решение
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.138/2012