Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 37-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.12.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 37-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.12.2012

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – Член 8,член 52 став 1 алинеја 16, член 54 став 1 алинеја 9, член
69 став 6, член 70 ставовите 1, 5 и 6, член 72 ставовите 2 и 3, член 77, член
87-а, член 96 ставовите 6 до 19, член 99 ставовите 2, 3, 11, 12, 14 и 15, член
103 став 5, член 113 ставовите 2 до 14 и ставовите 17 и 18, член 125 ставовите
2 до 7, член 133 став 11, член 134 ставовите 1 и 2, член 136 ставовите 1 и 2,
член 140 став 2, член 146-а став 2, и член 161-б став 1 алинеите 14 и 16 од
Законот за високото образование („Службен весник на Република Маке­донија“ бр.
35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010 и 17/2011),
– членовите 14, 15, 16 и 17 од Уредбата за нормативи и стандарди за
основање на високообразовни установи и за вршење на високо­образовна дејност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2010 и 168/2010),
– Правилник за условите кои треба да ги исполнува истакнатиот стручњак
од практиката од соодветната област за изведување на клиничка настава („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 120/2010),
– Правилник за начинот и условите за организирање на практична настава
за студентите („Службен весник на Република Македонија“ бр.120/2010).
Реферат У.бр.98/2011

2. Член 40 став 1 во делот: “ако природата на работата тоа го дозво­лува
и ако податоците на постапката даваат сигурна основа за тоа” од Законот за
управните спорови (“Службен весник на Република Македонија”, број 62/2006 и
150/2010).
Реферат У.бр.172/2012

3. Одлука за донесување на изменување и дополнување на Детален урбанистички
план за дел од локалитетот „Буњаковец -1“, УМ-1, УМ-2, УМ-3, УМ-4, УМ-5, УМ-6,
УМ-8, УМ-9, УМ-10, УМ-11, УМ-12, УМ-13, УМ-14, УМ-15, УМ-18, УМ-19, УМ-20,
УМ-21, УМ-22 и УМ-23, бр.07-3625/14 од 10 мај 2012 година („Службен гласник на
општина Центар“ бр.5/2012), донесена од Советот на општина Центар.
Реферат У.бр.133/2012

4. Одлука за поништување на Одлуката бр. 07-2600/1 од 12.07.2012 година
и запирање на постапката објавена во Службен весник и Бирото за јавни набавки
за доделување на Договор за јавно-приватно партнерство –донесена од страна на
Советот на општина Сопиште, бр.07-2600/3 од 25 јули 2012 година (Службен
гласник на Општина Сопиште бр.11 од 23 август 2012 година)
Реферат У.бр.159/2012

5. Одлука за исплата на еднократна парична награда, број 07-5569/ 30 од
18.07.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје објавена во
“Службен гласник на Општина Центар-Скопје”, број 12 од 2 ноември 2012
година.
Реферат У.бр.190/2012

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.193/2012