Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.10.2012
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 192 став 5, член 194 ставови 1 и 2 и член 195 став 2 од Законот
за служба во Армијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010,
23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012 и 77/2012).
Реферат У.бр.236/2011
2. Решение за избор на директор на Јавна установа Центар за социјална
работа Ресен, број 02-2301/2 од 14.03.2011 година, донесено од министерот за
труд и социјална политика.
Реферат У.бр.126/2012
3. Член 24 од Тарифен систем за продажба на електрична енергија
(„Службен весник на СРМ“ бр.45/1982).
Реферат У.бр.150/2012
4. Одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижна ствар од
Општина Велес на Општина Чашка, број 07-3938/6 од 12.07.2012 год., донесена од
Советот на Општина Велес, објавена во Службен гласник на Општина Велес, број
09/2012 од 13 јули 2012 година.
(Реферат У.бр.134/2012)