Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 24-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 18.09.2012
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 6 став 2 во делот „освен пристигнатите, а неисплатени износи на
пензии и на други парични примања, во случаите утврдени со овој закон“, член 64
став 2 и член 164 став 2 од Законот за пензикото и инвалидското осигурување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.80/93, 3/94, 14/95, 71/96, 32/97,
24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005,
70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009, 156/2009, 83/2010, 156/2010,
24/2011, 51/2011 и 11/2012).
(Реферат У.бр.20/2011)
2. Член 10-а став 5, во делот: „врз основа на поднесена изјава за
остварени приходи на пропишан образец“ и став 6, во делот: „ги пропишува
министерот за финансии“ и член 10-б став 1, во делот: „врз основа на поднесена
Изјава за остварени приходи на пропишан образец“ и став 2, во делот: „ги
пропишува министерот за финансии“ од Законот за придонеси од задолжително
социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/ 2008,
64/2009, 156/2009, 166/2010 и 53/2011).
(Реферат У.бр.157/2011)
3. Член 9 став 1 алинеја 4, член 19 став 2 алинеја 2, член 20 став 1
точка 3 алинеја 4, член 26 став 1 алинеи 4 и 5 од Законот за вештачење
(“Службен весник на Република Македонија“ број 115/2011).
(Реферат У.бр.206/2011)
4. Член 2 став 3; член 8 став 3; член 13 став 5; член 17 ставови 2 и 4;
член 18 став 1; член 31 став 1; член 51 став 2 и член 69 став 1 во делот: “каде
конечната одлука ја носи работодавачот”, сите од Колективниот договор за
уредување на правата и положбата на вработените во рудникот “САСА”-Македонска
Каменица, склучен меѓу Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на
Македонија – Синдикална организација “САСА” – Македонска Каменица и Трговското
друштво “САСА” ДООЕЛ Македонска Каменица, број 01-26 од 8 јануари 2010 година.
(Реферат У.бр.215/2011)
5. Член 29 во делот: “може да” од Законот за спречување и заштита од
дискриминација (“Службен весник на Република Македонија” број 50/2010).(
(Реферат У.бр.231/2011)
6. Член 11 став 4 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на
Република Македонија” број 17/2011 и 53/2011).
(Реферат У.бр.11/2012)
7. Одлука на Централниот куќен совет на ул. „Партизанска“ бр.47, ул.
„М.Андоновски“ бр.2, 4 и 6 и куќите на ул. „Б. Буџевски“ донесена на 14
октомври 2011 година.
(Реферат У.бр.70/2012)
8. Член 23 од Етичкиот кодекс на членовите на Владата на Република
Македонија и носителите на јавни функции именувани од Владата на Република
Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2010).
(Реферат У.бр.80/2012)
ΙΙ. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.58/2012
2. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.79/2012