Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 21-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.06.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 21-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.06.2012

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Поднасловот 2. „Привремено обезбедување и одземање на предмети или
имот“ и членовите 203, 203-а, 203-б, 203-в, 203-г, 204, 205, 206 и 207 од
Законот за кривична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.
15/1997, 44/2002, 74/2004, 83/2008 и 67/2009).
(Реферат У.бр.26/2011)

2. Член 147 став 1 алинеи 2, 3 и 6 во делот „дава лажни податоци или“,
став 2 алинеи 1, 4, 5, 6 и 7 и став 4 од Законот за јавни набавки („Службен
весник на Република Македонија“ бр.136/2007, 130/2008, 97/2010, 53/2011,
185/2011 и 24/2012 – пречистен текст).
(Реферат У.бр.30/2012)

3. Член 14 во делот: “но најдолго до пет години од денот на влегувањето
во сила на овој закон” од Законот за изменување на Законот за личната карта
(“Службен весник на Република Македонија” број 19/2007).
(Реферат У.бр.33/2012)

4. Член 49 ставови 1 и 4 од Законот за денационализација (“Службен
весник на Република Македонија“ бр. 20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007,
14/2009, 20/2009 и 72/2010).
(Реферат У.бр.62/2012)

5. Правилник за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за
нумерација, број 11-38/9 од 5 ноември 2009 година, донесен од Комисијата како
орган на Агенцијата за електронски комуникации (“Службен весник на Република
Македонија” број 143/2009).
(Реферат У.бр.124/2011)

6. Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, донесен од
Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 16
септември и 13 ноември 2008 година, и тоа: во целина и посебно член 53
ставовите 1 и 2 од Статутот.
(Реферат У.бр.138/2011)

7. Буџет на општина Другово за 2012 година, број 01-15/3 од 11 јануари
2012 година, усвоен со Одлука на Советот на општина Другово, бр.07-15/4 од 11
јануари 2012 година.
(Реферат У.бр.8/2012)

8. Одлука за основање на јавно претпријатие бр.07-294/11 донесена од
Советот на општина Центар Жупа на 12 април 2012 година („Службен гласник на
општина Центар Жупа бр.2/2012).
(Реферат У.бр.63/2012)

9. Член 39 став 1 од Правилникот за измена на Правилникот за внатрешни
односи и работењето на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, објавен во „Универзитетскиот
гласник“ бр.199 од 3 февруари 2012 година.
(Реферат У.бр.82/2012)