Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 18-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.05.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 18-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.05.2012

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 2 алинеја 5 во делот: „и преземање на други со закон определени мерки
за гонење на сторителите на тие дела„; член 19 во делот: „како и со примена на
посебни мерки и постапки за тајно собирање на податоци согласно со закон“;
поднасловот: „Собира­ње на податоци со користење на тајни соработници“ и член
22; поднасловот: „Употреба на посебни мерки и постапки за трајно собирање на
податоци“ и член 23; и член 129 во делот: „овој и“ од Законот за внатрешни
работи („Службен весник на Република Македонија “ бр. 92/2009, 35/2010, 36/2011
и 158/2011).
(Реферат У.бр.185/2010)

2. Член 18 став 4 во деловите: „и да ги познава законите, прописите и
стандардите релевантни за урбанистичко планирање и уредување на просторот“,
член 25 ставови 1 и 2 во деловите: „ и прописите донесени врз оснава на овој
закон“ и член 75-а став 1 во делот: „и подзаконските акти донесени врз основа
на овој закон“ од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010,
18/2011 и 60/2011).
(Реферат У.бр.99/2011)

3. – Член 21 од Законот за животната средина (“Службен весник на
Република Македонија”) број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009,
47/2010, 124/2010 и 51/2011) и
– Наредба за забрана за вршење на внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и
остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај,
бронза и месинг, број 07-2807/1 од 15 март 2010 година, донесена од министерот
за животна средина и просторно планирање, министерот за здравство, министерот
за економија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,
(“Службен весник на Република Македонија”, број 41/2012).
(Реферат У.бр.53/2012)