Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 04.04.2012
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 5 став 1 точка 1 во делот: „непрекинато“; член 12 став 1; член
49 став 3 во делот: „освен ако тоа не би им предизвикало штетни последици“;
член 75 став (3) во делот: „или одбие врачување“; член 120 точка 3 во делот:
„освен ако работникот даде писмена изјава дека доброволно се согласува со
прекувремена работа“; член 202 став 2 во делот “или надлежен суд”; поднасловот:
„Отстранување од процесот на работа“; член 237, поднасловот: „Правила за
работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк“ и член 238 од Законот
за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005,
106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 16/2010, 50/2010, 52/2010,
124/2010 , 47/2011 и 11/2012).
(Реферат У.бр.167/2010)
2. Закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно
наследство од особено значење („Службен весник на Република Македонија“ бр.
47/2011) во целина и посебно оспорените членови 7 и 8 од истиот закон.
(Реферат У.бр.218/2011)
3. Член 135-а став 3 и член 137 став 4 од Законот за градење („Службен
весник на Република Македонија“ бр.130/2009, 124/2010, 18/2011, 36/2011 и
54/2011)
(Реферат У.бр.225/2011)