Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.03.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 9-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 14.03.2012

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 126 од Законот за парничната постапка (“Службен весник на
Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009 и 116/2010).
(Реферат У.бр.215/2010)

2. Член 14 став 1 точки 1, 2 и 3, член 23 став 4 точки 3 и 4, член 28
став 1 точки 3 и 4, член 112 став 1 точка 4, и член 158-е став 2 точки 1 и 2 од
Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија“
бр.27/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 8/2008, 88/2009, 67/2010 и
44/2011).
(Реферат У.бр.130/2011)

3. Член 15 став 3 и член 38 ставови 2, 4 и 5 од Законот за прекршоците
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2006 и 51/ 2011).
(Реферат У.бр.17/2012)

4. Член 35 точка 5, во делот: „во постапка утврдена со закон“, од
Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006,
35/2008 и 150/2010).
(Реферат У.бр.22/2012)

5. Тарифен број 29 од Правилникот со Тарифа за користење авторски
музички дела („Службен весник на Република Македонија“ бр.154/ 2011), донесен
од Собранието на Здружението за заштита на авторски музички права.
(Реферат У.бр.1/2012)