Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.02.2012

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.02.2012

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 6 став 1 и член 10 став 1 од Законот за изменување и дополнување
на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен
весник на Република Македонија” број 37/2004)
(Реферат У.бр.97/2011)

2. – Член 1 став 2 во делот: “како и граѓаните на Република Македонија
кои сакаат да учествуваат во спроведувањето и остварувањето на основните цели и
програмски задачи на оваа организација” од Законот за сојузот на борците од
Народноослободителната и Анти­фашистичката војна на Македонија (“Службен весник
на Република Македонија” број 35/1998) и
– Статутот на Сојузот на борците од Народноослободителната и
Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи,
донесен на Осмиот конгрес на Сојузот на борците од Народноослободителната и
Антифашистичката војна на Македонија и граѓаните продолжувачи, одржан на ден 28
мај 2010 година, во деловите кои се однесуваат на: “и граѓаните продолжувачи”.
(Реферат У.бр.106/2011)

3. Член 14 став 1 точки 1, 2 и 3, член 23 став 4 точки 3 и 4, член 28 став 1
точки 3 и 4, член 112 став 1 точка 4, и член 158-е став 2 точки 1 и 2 од
Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија“
бр.27/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 8/2008, 88/2009, 67/2010 и
44/2011).
(Реферат У.бр.130/2011)

4. Правилник за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител
по електронски пат, број 10-706/1 од 25 јануари 2011 година, донесен од страна
на министерот за труд и социјална политика (“Службен весник на Република
Македонија” број 12/11).
(Реферат У.бр.69/2011)

5. Одлука за измена и дополнување на Тарифата за награда и надоместок на
трошоците за работа на адвокатите („Службен весник на Република Македонија“ бр.
100/2011)
(Реферат У.бр.171/2011)

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.230/2011,