Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 35-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 21.12.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 35-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 21.12.2011

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 12 став 1 алинеја 1, член 42 став 1 точка 3 и член 43 став 1 од
Законот за оружјето (“Службен весник на Република Македонија” број 7/2005,
47/2006, 42/2007, 86/2008 и 72/2010).
(Реферат У.бр.207/2010)

2. Член 10-а став 5, во делот: „врз основа на поднесена изјава за
остварени приходи на пропишан образец“ и став 6, во делот: „ги пропишува
министерот за финансии“ и член 10-б став 1, во делот: „врз основа на поднесена
Изјава за остварени приходи на пропишан образец“ и став 2, во делот: „ги
пропишува министерот за финансии“ од Законот за придонеси од задолжително
социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/ 2008,
64/2009, 156/2009, 166/2010 и 53/2011).
(Реферат У.бр.157/2011)

3. Членот 3 точки 1 и 2 во деловите: „култура“ и „општините, општините
во градот Скопје, односно градот Скопје“, и точката 3 во делот: „општините,
односно градот Скопје“, од Законот за јавните службеници („Службен весник на
Република Македонија“ бр.52/2010 и 36/2011).
(Реферат У.бр.184/2011)

4. Член 11 став 4 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 82/2008, 143/2008 и 56/2010).
(Реферат У.бр.191/2011)

5. Член 1 точките 2, 3 и 4 од Уредбата за изменување и дополнување на
Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на
средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2011 година,
донесени од Владата на Република Македонија на 13 април 2011 година („Службен
весник на Република Македонија“ бр.52/2011).
(Реферат У.бр.118/2011)

6. – Одлука за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците. бр.
02-451/03 од 26.04.2004 година, донесена од Управниот одбор на ЈП „Охридски
комуналец“ Охрид и
– Одлука на Советот на Општина Охрид, бр.07-1403/6 од 26.06. 2008 година, за
давање согласност за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени
за вонредно чистење на ули­ците, бр. 02-451/03 од 26.04.2004 година, донесена
од Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“ Охрид („Службен гласник на
Општина Охрид“ бр. 4 од 30.06.2008 година).
(Реферат У.бр.142/2011)

7. Решение за наплата на трошоци при преземање на посебни мерки за
безбедност при превоз на определени експлозивни материи, обезбедување на
вонреден превоз и обезбедување (придружба) при превоз на определени стоки од
страна на Министерството за внатрешни работи, бр.121-60053/1 донесено од
министерот за внатрешни работи на 1 август 2011 година („Службен весник на
Република Македонија“ бр.108/2011).
(Реферат У.бр.169/2011)

8. Одлука за воведување на самопридонес за изградба на фекална
канализација во населените места: Волково, Волково-Пржино, Ново Село, Кисела
Јабука и Стопански Двор, бр.07-139/4 од 25 јануари 2007 година, донесена од
Советот на општина Ѓорче Петров („Службен гласник на општина Ѓорче Петров“ бр.
1/2007).
(Реферат У.бр.172/2011)

9. Правилник за начинот на исплата и висината на надоместоците за
селидбени трошоци,трошоци за превоз, вршење на служба на дежурство, стражарска
служба и служба на посебни воени објекти и за време поминато на трупно патување
и служба под посебни услови на активниот воен и цивилен персонал во
Армијата,број 01-5145/1 донесен од Министерот за одбрана на 19 јули 2010година.
(Реферат У.бр.177/2011)

10. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за локалитет
Црква Урбана единица Б, донесена под бр.07-509/2 од 3 февруари 2009 година од
Советот на општина Аеродром („Службен гласник на општина Аеродром“ бр.3/2009 од
3 февруари 2009 год).
(Реферат У.бр.182/2011)

11. Одлуката за донесување на ДУП за дел од блок 8.1 опфат 2 општина
Охрид 2010 -2015 година, број 07-1764/14 од 26 мај 2011 година, донесена од
Советот на општина Охрид, објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.
5/2011.
(Реферат У.бр.201/2011)

12. Решение за именување на претставници на општина Карбинци во
Училишниот одбор во општинското Основно училиште „Страшо Пинџур“ – Карбинци бр.
0701-1060/8 од 24 ноември 2011 година, донесено од Советот на општина Карбинци
(„Службен гласник на општина Карбинци“ бр.9/2011).
(Реферат У.бр.226/2011)

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.162/2011,

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.183/2011,