Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.11.2011
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. – Член 4 став 3, во делот: „или врз основа на склучен договор, со
надоместок кој е приход на Буџетот на Република Македонија“;
– Член 4 став 4, во делот: „трошоците изречени во парничните, прекршочните,
кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија“, и
– Член 4 став 5, во делот: „и трошоците изречени во корист на Република
Македонија од ставот (4) на овој член, се доставува до Управата за јавни
приходи од страна на судот или од надлежниот орган кој ја донел“, сите од
Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“
бр.81/2005, 81/2008, 105/2009 и 145/2010).
(Реферат У.бр.38/2011)
2. Член 10 став 2, член 86 став 3, член 101 ставови 1 и 6, член 102 став
1, во делот: „од 200 до 1200 евра“, член 125-а, член 126-а ставови 1, 2, 3, 4,
5, 6 и 7, член 137 став 2, член 176 став 4 и член 372 ставови 3 и 4 од Законот
за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005,
110/2008, 83/2009 и 116/2010) и член 99 од Законот за изменување и дополнување
на Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.
116/2010).
(Реферат У.бр.96/2011)