Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.04.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 15-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.04.2011

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 23 во делот: „и општ акт на органот на управување“ и член 67
алинеја 4 од Законот за јавните службеници („Службен весник на Република
Македонија“ бр.52/2010).
(Реферат У.бр.83/2010)

2. Член 31, посебно ставовите 5, 6, 7, 8 и 9, и членовите 32, 33, 34 и
35 од Законот за земјоделство и рурален развој (“Службен весник на Република
Македонија” број 49/2010).
(Реферат У.бр.129/2010)

3. Член 30-а став 9 и член 37 став 4 во делот:„ најдоцна до наполнети
три месеци живот на детето“од Законот за заштита на децата („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 98/2000, 17/2003, 65/4004, 113/2005, 98/2008,
107/2008, 83/2009 и 156/2009).
(Реферат У.бр.21/2011)

4. Член 6 став 7 од Законот за постапување со бесправно изградени
објекти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2011 и 54/2011).
(Реферат У.бр.55/2011)

5. Член 9 и член 61 од Колективниот договор на ЕВН Електростопанство на
Македонија АД за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, склучен
помеѓу Синдикалната организација на ЕВН Македонија и Управниот одбор на ЕВН
Електростопанство на Македонија АД за дистрибуција и снабдување на електрична
енергија на 10 декември 2008 година, 1 јули 2009 и 10 декември 2009 година.
(Реферат У.бр.45/2011)