Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 14-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 20.04.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 14-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 20.04.2011

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 29 став 1 од Законот за Стопанската комора на Македонија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.89/2004).
(Реферат У.бр.54/2010)

2. Член 2 став 3 од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 92/2007)
(Реферат У.бр.160/2010)

3. Законот за изменување на Законот за празниците на Република
Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/ 2007).
(Реферат У.бр.17/2011)

4. Закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузна дејност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2010).
(Реферат У.бр.67/2011)

5. Член 122 од Законот за сопственост и други стварни права („Службен
весник на Република Македонија“ бр.18/2001,92/2008,139/2009 и 35/2010)
(Реферат У.бр.73/2011)

6. – Поднасловот: „3. Придружба на возила“ и членовите 154, 155, 156,
157, 158, 159, 160 и 161 од Правилникот за начинот на вршење на полициските
работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/2007) донесен од
министерот за внатрешни работи; и
– Решението за наплата на трошоци при асистенција и задолжително обезбедување
на стоки согласно закон, број 194-10532/1 од 19 јануари 2009 година, донесено
од министерот за внатрешни работи
(Реферат У.бр.1/2011)

7. Член 1 став 2 од Одлуката за одобрување висината на цената за
собирање и транспортирање на комуналниот отпад на подрачјето на Градот Скопје,
бр.07-3378/1 донесена од Советот на Град Скопје на 22 септември 2010 година
(„Службен гласник на град Скопје“ бр.12/2010).
(Реферат У.бр.13/2011)