Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.04.2011
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 140 став 1 точка 6 и член 152 од Законот за даночна постапка
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006, 88/2008, 159/2008,
105/2009, 133/2009, 145/2010 и 171/2010)
(Реферат У.бр.144/2010)
2. Член 17-а став 11 во делот: „од денот на објавувањето на одлуката на
веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација“, од
Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.
59/2000, 112/2000, 34/2001, 43/2002,
98/2002,17/2003,40/2003,85/2003,17/2004,69/2004,81/2005, 61/2006, 36/2007,
161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010 и 36/ 2011).
(Реферат У.бр.8/2011)
3. Член 1 став 2 и член 2 од Законот за изменување и дополнување на
Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.
44/2007).
(Реферат У.бр.35/2011)
4. Одлука за престанување на важењето на Одлуката за пренесување на
сопственоста на недвижните ствари – спортски објекти („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 155/2010), број 51-6806/10 од 24 ноември 2010 година,
донесена од Владата на Република Македонија
(Реферат У.бр.19/2011)
5. Одлука бр.07-2223/1 од 5 август 2010 година и Одлука бр.07-2240/1 од
6 август 2010 година донесени од Советот на општина Ново Село.
(Реферат У.бр.43/2011)