Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 02.03.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 02.03.2011

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 74 став 3 од Законот за средното образование („Службен весник на
Република Македонија“ бр.44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/ 1997, 82/1999, 29/2002,
40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/ 2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007,
81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/ 2010, 156/2010 и 18/2011).
(Реферат У.бр.290/2009)

2. Член 12 став 3 во делот: „ и Македонскиот младински прес и два члена
од Советот на Младински НВО“ од Законот за основање на Национална агенција за
европски образовни програми и мобилност („Службен весник на Република
Македонија“ бр.113/2007).
(Реферат У.бр.40/2010)

3. Член 53 став 1 алинеи 5 и 6 од Законот за вработувањето и осигурување во
случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија“ бр.
37/1997,25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007,
102/2008, 161/2008, 50/2010 и 88/2010).
(Реферат У.бр.173/2010)

4. Член 4 ставови 2, 4 и 5 и член 9 алинеја 8 од Законот за судскиот
буџет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/2003, 37/2006, 103/2008
и 145/2010)
(Реферат У.бр.210/2010)

5. – член 4 ставови 3, 4 и 5 од Законот за Управата за јавни приходи
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005, 81/2008, 105/2009 и
145/2010), и
– член 4 и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Управата
за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2010).
(Реферат У.бр.218/2010)

6. – Член 438 став 1 од Законот за парничната постапка („Службен весник
на Република Македонија“ бр.79/2005, 100/2008, 83/2009, 116/2010 и 7/2011 –
пречистен текст);
– Член 8 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.161/2009);
– Заклучок на Одделот за граѓански дела на Врховен суд на Република Македонија,
донесен на 23 февруари 2010 година, и
– Правно мислење за присилна наплата на затезна камата, донесено од Одделот за
граѓански дела на Врховниот суд на Република Македонија, на 26 февруари 1996
година.
(Реферат У.бр.223/2010)

7. Член 52 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско
и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.
157/2007)
(Реферат У.бр.24/2011)

8. Член 16 ставовите 3 и 4, член 30, член 32 став 2 точка 4, член 34,
член 35, член 44 став 9 и член 73 од Правилникот за внатрешните односи и
работењето на Факултетот за физичка култура во состав на Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“ во Скопје, донесен на 21 мај 2005 година, 17 јуни 2010 и 29
јуни 2010 година од Наставно-научниот совет на Факултетот за физичка култура
Скопје.
(Реферат У.бр.188/2010)

9. Правилникот за работни односи на вработените во Агенцијата за
разузнавање Дов.бр.01-260/1 од 30.10.2006 година и Дов.бр.01-327/1 од
30.05.2007 година, донесени од директорот на Агенцијата за разузнавање, во
целина и посебно член 52 став 1 точка 15-а.
(Реферат У.бр.198/2010)

10. Јавен оглас за вработување на работници на неопределено време на
Јавното претпријатие „Македонска Радиотелевизија“, објавен во дневниот весник
„Нова Македонија“ на 17 ноември 2010.
(Реферат У.бр.204/2010)

11. Член 7 став 2 алинеја 2 во делот: „неговите деца и брачниот другар“ и
алинеја 3 во делот: „неговите деца, брачниот другар, родителите и за другите
лица со кои тој живее во иста семејна заедница“ од Уредбата за безбедност на
лица корисници на класифицирани информации („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 82/2004), донесена од Владата на Република Македонија.
(Реферат У.бр.209/2010)