Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 06.10.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 06.10.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 33 став 1, член 89 ставови 10 и 11 и член 90 став 5 од Законот
за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на Република Македонија” број
68/2004, 127/2006, 114/2009 и 83/2010).
(Реферат У.бр.279/2009)

2. Член 3 став 3 од Законот за комунални такси („Службен весник на
Република Македонија“бр.61/2004, 64/2004 и 92/2007).
(Реферат У.бр.34/2010)

3. Членови 42 и 43 став 2 од Законот за државните службеници („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001,
43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/ 2004, 69/2004, 81/2005,
61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/ 2009, 35/2010 и 76/2010-пречистен
текст).
(Реферат У.бр.86/2010)

4. Делот: “на подрачјето на кое кандидатот за возач или возачот има
постојано место на живеење, односно престојувалиште” од член 9 став 2 и 3 од
Правилникот за начинот на вршење на здравствениот преглед на возачите на
моторни возила, критериумите во однос на кадарот и опремата за вршење на
здравствениот преглед, како и за начинот и постапката за издавање на уверение
за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.139/2008)
(Реферат У.бр.278/2009)

5. Одлука за издавање дозвола на банка („Службен весник на Репуб­лика
Македонија“ бр.91/2007, 134/2007 и 138/2008), донесена од Советот на Народна
Банка на Република Македонија.
(Реферат У.бр.87/2010)

6. Одлука за утврдување релевантни пазари бр.13/34 од 17 август 2005
година, донесена од Комисијата за електронски комуникации при Агенцијата за
електронски комуникации.
(Реферат У.бр.102/2010)