Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.09.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.09.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 162 став 2 од Законот за банките (“Службен весник на Република
Македонија” број 67/2007, 90/2009 и 67/2010) и член 10 од Законот за изменување
и дополнување на Законот за банките (“Службен весник на Република Македонија”,
број 90/2007).
(Реферат У.бр.214/2009)

2. Член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен
весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007 и 91/2009).
(Реферат У.бр.44/2010)

3. – Член 4 став 1 алинеја 19, член 7 став 1 алинеја 11, член 8 став 1
алинеја 5 и член 34 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на
Република Македонија“ бр.81/2005, 81/2008 и 105/2009).
– Член 5-б став 7 од Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на
данокот на добивка и спречување на двојнот ослободување или двојното
оданочување,донесен од министерот за финансии („Службен весник на Република
Македонија“ бр.92/201, 51/2002, 54/2003, 56/2003, 101/2006, 58/2007, 21/2008 и
24/2009).
(Реферат У.бр.74/2010)

4. Член 29 став 2 точка 5 од Законот за трговските друштва („Службен
весник на Република Македонија“ бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010
и 48/2010).
(Реферат У.бр.75/2010)

5. Поднасловот „Несовесно работење во службата“ и член 353-в од
Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996,
80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/ 2006, 7/2008, 139/2008
и 114/2009).
(Реферат У.бр.77/2010)

6. Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со
спомен – обележја („Службен гласник на општина Центар“ бр.1/2008,5/2008,
6/2008, 8/2008, 10/2008 и 4/2009-пречистен текст), донесена од Советот на
општина Центар.
(Реферат У.бр.65/2010)

7. Правилник за организација и управување со врвниот македонски домен
МК во областа на интернет и за користење на поддомените во него („Службен
весник на Република Македонија„ бр.35/2004 и 45/2008), донесен од Управниот
одбор на МАРН-ет, во целина и посебно членовите 45 и 46 од Правилникот.
(Реферат У.бр.72/2010)