Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.09.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.09.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – Член 96 став 1 во деловите: “или ако природата на она што е исполнето му
се спротивставува на враќањето” и “доколку законот не определува ништо друго” и
-член 105 став 1 во делот: “или ако природата на тоа што е исполнето му се
противи на враќањето” од Законот за облигационите односи (“Службен весник на
Република Македонија 18/2001, 4/ 2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009).
(Реферат У.бр.252/2009)

2. Член 6 од Законот за државните службеници („Службен весник на
Република Македонија“ бр.59/2000,112./2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002,
98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/ 2005, 61/2006,
36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009 и 35/2010).
(Реферат У.бр.270/2009)

3. – Член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и
други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 97/2010 од 20 јули 2010 година);
– Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на членовите на
Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 97/2010 од 20 јули 2010 година),
– Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на судиите
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/2010 од 20 јули 2010 година),
– Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на членовите на
Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 97/2010 од 20 јули 2010 година) и
– Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните
обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/2010 од 20 јули
2010 година).
(Реферат У.бр.159/2010)

4. Член 374 точка в) од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2005, 73/2006, 40/2007,
62/2007, 42/2009 и 38/2010)
(Реферат У.бр.61/2010)

5. Тарифен систем за електрична енергија, број 01-196/1 од 27 јануари
2010 година, донесен од Регулаторната комисија за енергетика на Република
Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2010).
(Реферат У.бр.64/2010)