Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 15.09.2010
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 8-в став 2 алинеја 1 и став 3; член 8-г став 2 алинеите 1 и 2;
член 10 став 1 во делот „и писмени докази за исполнување на условите пропишани
со овој закон“, член 12 став 5 во делот „правосилноста “; член 14 став 4
алинеите 5 и 6; член 16 став 2 во делот „правосилноста“; член 17-а став 4; член
23 ставовите 4, 5 и 6; член 24-а став 6 алинеја 3; член 32 ставовите 2 и 4 во
делот „правосилноста“; член 34; член 37 став 6 во делот „поблиските прописи
донесени врз основа на овој закон“; член 57 ставовите 3 и 6 во делот
„правосилноста“; член 69-а ставовите 1,2 и 3; член 81 став 1 во делот „другите
прописи“; член 89 ставовите 10 и11; член 90 став 5; член 96 став 3; член 99
став 1 точка 12 и член 99-б став 1 точка 1 од Законот за превоз во патниот
сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/2004, 127/2006
,114/2009 и 83/2010).
(Реферат У.бр.273/2009)
2. Член 18 став 1 од Законот за домување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.99/2009 и 57/2010).
(Реферат У.бр.45/2010)
3. Правилник за начинот и условите за регулирање на цени за електрична
енергија (“Службен весник на Република Македонија”, број 167/2008), донесен од
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, на седница
одржана на 31 декември 2008 година.
(Реферат У.бр.162/2009)
4. Член 4 став 1 во делот: „зголемено за 25% од површината на терасите,
50% од површината на балконите и 75% од површината на лоѓиите и 30% од
површината на подрумот“, став 2 во делот: „ зголемено за 25% од површината на
терасите, 50% од површината на балконите, 75% од површината на лоѓиите, и 30%
од површината на подрумот“, став 3 во делот: „зголемено за 25% од површината на
терасите, 50% од површината на балконите, 75% од површината на лоѓиите“ и став
4 во делот: „зголемено за 25% од површината на терасите, 50% од површината на
балконите и 75% од површината на лоѓиите“ од Методологија за утврдување на
пазарната вредност на недвижниот имот (“Службен весник на Република Македонија“
бр.50/2005, 40/2010 и 46/2010), донесена од Владата на Република Македонија.
(Реферат У.бр.78/2010)
5. Одлука за именување на членови на Управниот одбор на ЈЛБ „Илинден“ Делчево
бр.07-312/1, донесена од Советот на општина Делчево на 26 мај 2009 година.
(Реферат У.бр.98/2010)
6. Член 10 од Спогодбата за уредување на меѓусебните односи во врска со
комисијата за возачи, склучена помеѓу ЈЗУ Здравствен дом „Гевгелија“,
Гевгелија, ЈЗУ Општа болница „Гевгелија“, Гевгелија и ЈЗУ Психијатриска
болница „Негорци“, Негорци-Гевгелија на ден 6 февруари 2006 година.
(Реферат У.бр.119/2010)