Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.03.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 8-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.03.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Членовите 145, 146, 147 и член 148 од Законот за радиодифузната
дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.100/2005). (Реферат У.бр.
78/2009)

2. Член 8 ставовите 1 и 2, член 9 ставовите 1 и 3, член 17, член 18,
член 21, член 34 став 2, член 35 став 2, член 37 ставовите 1 и 5, член 38
ставовите 1, 2 и 3, член 39, и член 40 од Законот за ловството („Службен весник
на Република Македонија“ бр.26/2009).
(Реферат У.бр.89/2009)

3. Член 40 став 4 во делот „Податоците од посебните планови за
стопанисување со шумите може да се користи со надоместок кој ја пропишува
сопственикот, односно корисникот, став 5 во делот „и висината на надоместок за
нивно користење“,член 69 ставовите 13 и 14 во делот „и висината на надоместокот
за издадени испратници“,член 97 став 6 и став 10 во делот „и доколку му е
изречена прекршочна санција забрана за вршење на дејност или професија“ и член
97 став 11 во делот „односно по истекот на прекршочна санкција забрана за
вршење на дејност или професија од Законот за шумите („Службен весник на
Република Македонија“ бр.64/ 2009).
(Реферат У.бр.135/2009)

4. Член 86 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република
Македонија“ бр.92/2009).
(Реферат У.бр.192/2009)

5. Член 2 став 3 и член 9 став 1 во делот: „и извршувањето на прописите
за канцелариското работење“, од Законот за управната инспекција („Службен
весник на Република Македонија“ бр.69/2004, 22/ 2007 и 115/2007).
(Реферат У.бр.199/2009)

6. Членовите 16, 17 и 18 од Законот за приватизација и закуп на градежно
земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.
4/2005).
(Реферат У.бр.202/2009)

7. Член 10 став 1, во делот: „кои освоиле најмалку 1% од гласовите на
излезените граѓани на последните избори за пратеници во Собранието на Република
Македонија, на ниво на целата Република, односно на последните локални избори
во единицата на локалната самоуправа“ од Законот за финансирање на поолитичките
партии („Службен весник на Република Македонија“ бр.76/2004, 86/2008, 161/2008
и 96/2009).
(Реферат У.бр.226/2009)

8. Член 3 од Правилникот за остварување на правото на постојана парична
помош („Службен весник на Република Македонија“ бр. 146/2009), донесен од
министерот за труд и социјална политика.
(Реферат У.бр.9/2010)

9. Заклучок за вршење на исправка во техничкиот дел-Синтезен приказ во
деталниот урбанистистички план за населба „Буњаковец1„ УМ1, УМ6, УМ7, УМ12,
УМ13, УМ14, УМ16, УМ17, УМ20, УМ22 и УМ23 донесен од Советот на општина Центар
под бр.07-386/18 од 9 февруари 2009 година („Службен гласник на општина Центар“
бр.2/2009 од 9 февруари 2009 година).
(Реферат У.бр.203/2009)

10. Одлука за потврдување на усвојување на Периодичниот Извештај за
работа на Јавното претпријатие за комунални дејности Облешево, број 0701-1077/1
од 19 август 2009 година донесена од Советот на општина Чешиново-Облешево.
(Реферат У.бр.206/2009)