Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 37-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 25.11.2009

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 37-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 25.11.2009

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 7 став 2 алинеи 1 и 3, член 10 ставовите 1 и 3, член 11 став 1,
член 14 став 3 во делот: „отфрли“, насловот „VI. Активности што не се сметаат
за лобирање“, член 23 и Законот за лобирање („Службен весник на Репубика
Македонија“ бр.106/2008) во целина
(Реферат У.бр.232/2008)

2. Член 101 став 2 од Законот за концесии и други видови на јавно
приватно партнерство (“Службен весник на Република Македонија”, број 7/08,
139/08 и 64/09).
(Реферат У.бр.62/2009)

3. Член 94-а и 94-г од Законот за персоналниот данок на доход („Службен
весник на Република Македонија“ бр.80/1993, 70/1994, 76/1996,28/1997,8/2001,
50/2001, 52/2001-исправка, 2/2002, 44/2002, 96/2004,120/2005, 52/2006,
139/2006, 160/2007, 159/2008 и 20/2009).
(Реферат У.бр.122/2009)

4. – член 68 алинеја 3 во делот: „од страна на трговци поединци,
овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи“ и алинеја 4 од
Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2009).
– Наредба број 02-865/1 од 09.06.2009 година, донесена од директорот на Јавното
претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ Скопје
(Реферат У.бр.153/2009)

5. Член 14 став 1 точка 4; член 15 став 1, во делот: „со исклучок на
основицата утврдена во членот 14 став 1 точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13
на овој закон“; член 17 став 2; член 19 во делот: „согласно со актот од членот
17 став 2 на овој закон“ од Законот за придонеси од задолжително социјално
осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2008 и 64/2009), и
член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од
задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“
бр. 64/2009)
(Реферат У.бр.174/2009)

6. Одлука за донесување Детален урбанистички план „Голем Ринг-Јужен дел-
Исток“ Општина Центар, донесена под бр.07-386/14 од 9 февруари 2009 година од
Советот на општина Центар („Службен гласник на општина Центар“ бр.2/2009).
(Реферат У.бр.123/2009)

7. Одлуката за утврдување на надоместок на членовите на Советот на општина
Negotino и државните службеници – матичари за учество при склучување на бракови
со бр.07-402/12 од 26.05.2009 година.
(Реферат У.бр.188/2009)