Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 35-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 11.11.2009

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 35-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 11.11.2009

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 113 став 4 во делот: „може да“; член 266-б став 4 точка 4 и став
8 во делот: „што ја определува Министерот надлежен за работите од областа на
трудот“, член 266-г став 12 во делот: „што ја определува Министерот надлежен за
работите од областа на трудот“ од Законот за работните односи („Службен весник
на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009 и 130/2009)
(Реферат У.бр.20/2009)

2. Член 10 став 1 точките 7а и 8, поднасловот „Упатување“ и член 29 од
Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“бр.
25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006,
18/2007,36/2007,82/2008, 98/2008, 6/2009 и 67/2009).
(Реферат У.бр.109/2009 и 185/2009)

3. Член 53 ставовите 2 и 3 и член 55 ставовите 3 и 4 од Законот за
здруженијата на граѓани и фондациите („Службен весник на Република Македонија“
бр.31/1998 и 29/2007).
(Реферат У.бр.116/2009)

4. Член 8 став 2 и 3, член 34 став 2, член 44 став 1 и член 114 став 1
од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“
бр.44/1995).
(Реферат У.бр.224/2009)

5. Член 17 алинеи 3 и 4 и член 24 ставови 1, 2 и 4 од Законот за
безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.
24/2007).
(Реферат У.бр.227/2009)

6. – Тарифниот систем за продажба на електрична енергија („Службен
весник на СРМ“ бр.45/1982,15/1985,22/1988,29/1989,47/1989 и „Службен весник на
Република Македонија“ бр.28/1992 и 24/1999), и
– Условите за снабдување со електрична енергија („Службен весник на Република
Македонија“ бр./2001).
(Реферат У.бр.120/2009)

7. – Одлука за формирање на Комисија за мандатни прашања, избори и
именувања бр.07-2006/1 од 19 мај 2009 година,
– Одлука за формирање на Комисија за финансии и локален економски развој бр.
07-2007/1 од 19 мај 2009 година,
– Одлука за формирање на Комисија за статут и прописи бр.07-2008/1 од 19 мај
2009 година,
– Одлука за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на
просторот и заштита на животна средина и природа бр.07-2009/1 од 19 мај 2009
година,
– Одлука за формирање на Комисија за јавни дејности бр.07-2010/1 од 19 мај 2009
година,
– Одлука за формирање на Комисија за процена на штета бр.07-2011/1 од 19 мај
2009 година, и
– Одлука за формирање на Комисија за јавна безбедност, безбедност на
сообраќајот и противпожарна заштита бр.07-2012/1 од 19 мај 2009 година. (Сите
објавени во „Службен гласник на општина Ново Село бр.3/2009).
(Реферат У.бр.161/2009)

8. Одлука за донесување на Деталниот урбанистички план на град Кичево за
Ложионица – Урбан блок А, Кичево, број 07-2704/5 од 20 јули 2007 година,
донесена од Советот на општина Кичево („Службен гласник на општина Кичево“ бр.
9/2007).
(Реферат У.бр.163/2009)

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.217/2009,