Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 34-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 4.11.2009
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 33, член 34 став 1 и член 41 од Законот за судска служба
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2008, 161/2008 и 6/2009).
(Реферат У.бр.206/2008)
2. Член 42 став 3 и член 60 во делот: „од мал обем“ од Законот за
туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2004,
89/2008 и 12/2009).
(Реферат У.бр.5/2009)
3. Член 8 став 1 во делот: „така што по истите изготвува налози за
извршување кои ги доставува за извршување до Трезорот“ и став 2 од Законот за
платниот промет (“Службен весник на Република Македонија” бр.113/2007, 22/2008
и 159/2008).
(Реферат У.бр.102/2009)
4. Член 9 став 5 алинеја 3 од Законот за Управата за јавни приходи
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005, 81/2008 и 105/2009)
(Реферат У.бр.112/2009)
5. Член 58 став 2 во делот: „доколку со одредбите на овој закон поинаку
не е определено“ и член 68 став 2 од Законот за здруженијата на граѓани и
фондациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/1998 и 29/2007)
(Реферат У.бр.130/2009)
6. Член 14 став 1 точка 4 и член 15 од Законот за придонеи од
задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.
142/2008 и 64/2009).
(Реферат У.бр.159/2009)
7. Член 13 од Статутот на Здружението на тутунопроизводители „АРОМА“-
Радовиш.
(Реферат У.бр.131/2009)
8. Одлуки за подигање спомен обележја на значајни личности и настани,
донесени од Советот на Општина Центар (19 Одлуки).
(Реферат У.бр.136/2009)