Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 31-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 7.10.2009

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 31-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 7.10.2009

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Делот: „во случаите предвидени со закон“ од членот 35 став 1 точка 3
од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006,
62/2006-исправка и 35/2008).
(Реферат У.бр.246/2008)

2. Членовите 130-а, 130-б и 130-в поместени во Глава VI-а „солидарен
фонд – посмртна помош и членарина“ од Законот за дополнување на Законот за
пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“
бр.152/2008).
(Реферат У.бр.55/2009)

3. Член 66 став 1 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2007 и 111/ 2008).
(Реферат У.бр.64/2009)

4. Член 17-б став 1 алинеа 5 и член 17-в став 9 во делот: „и трошковник
за работата на Комисијата за посредување“ од Законот за лизинг („Службен весник
на Република Македонија“ бр.4/2002, 49/2003, 13/ 2006 и 88/2008)
(Реферат У.бр.74/2009)

5. Член 16 став 2 во деловите: „потесното“ и „доколку живеел во
заедница“ и став 3 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија
за 2009 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.166/2008).
(Реферат У.бр.80/2009)

6. Поднасловот: Стекнување на право на сопственост со одржувачка и
членовите 124 и 125 од Законот за сопственост и други стварни права („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 18/2001 и 92/2008).
(Реферат У.бр.90/2009)

7. – Член 21 став 3, во делот: „освен во случаите утврдени со закон“ од
Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.
5/2002).
– Член 69 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на
Република Македонија“ бр.51/2005, 137/2007 и 24/2008-пречистен текст).
– Член 128 ставови 3, 4 и 5 од Законот за градење („Службен весник на Република
Македонија“ бр.51/2005, 82/2008 и 106/2008-исправка).
(Реферат У.бр.94/2009)

8. Член 34 став 2 од Законот за здравствено осигурување (“Службен весник на
Република Македонија” бр.25/2000, 34/2000-исправка, 50/ 2000, 11/2002, 31/2003,
84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008 и 98/2008).
(Реферат У.бр.110/2009)

9. Одлука за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за
дел од МЗ Мирче Ацев (38), број 07-733/3, донесена на седница од Советот на
Општина Ѓорче Петров од 10.07.2001 година, објавена во Службен гласник на Град
Скопје број 12/01
(Реферат У.бр.243/2008)