Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 20-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.05. 2009
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Закон за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.14/2008) во целина и посебно член
5 став 1 точка 7 во делот: „судија на Уставниот суд на Република Македонија“ и
член 10 став 3 во делот: „на претседател на Републиката“.
(Реферат У.бр.42/2008 и У.бр.77/2008)
2. Член 27 став 1 во делот: „одборникот во собранието на општината што тоа ќе
го определи“, член 29 став 3 во делот: „одборникот на собранието на општината“,
став 4 во делот: „одборникот во општината“ и став 6 во делот: „одборникот на
општината“ и член 152 став 3 од Закон за семејството („Службен весник на
Република Македонија“ бр.80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006 и 84/2008).
(Реферат У.бр.2/2009)
3. Член 6 став 6 во делот: „и ги определува трошоците и надоместоците за
спроведување на стручниот испит“, став 10, став 11 во делот: „Кога царинската
лиценца за вршење на застапување е одземена согласно со ставот 10 на овој член,
нова царинска лиценца за вршење на застапување може да се добие по истекот на
две години од денот на одземањето“ и член 12 став 2 од Царинскиот закон
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2005).
(Реферат У.бр.4/2009)
4. – Член 13 од Законот за постапување по претставки и предлози („Службен
весник на Република Македонија“ бр.82/2008) и
– Правилник за начинот на постапување по претставки и предлози („Службен весник
на Република Македонија“ бр.2/2009), донесен од министерот за правда
(Реферат У.бр.19/2009)
5. Член 47 став 1 и член 172 став 4 алинеја 2 од Законот за основното
образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/ 2008).
(Реферат У.бр.106/2009)
6. Член 3 став 2 точка 6 од Правилникот за критериумите за склучување договори
и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои
вршат болничка здравствена заштита, донесен од Управниот одбор на Фондот за
здравствено осигурување на Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 14/2008).
(Реферат У.бр.7/2009)
7. – Правилник за димензиите, вкупните маси и осното оптоварување на возилата и
за основните услови кои мораат да ги исполнуваат уредите и опремата на
возилата во сообраќајот на патиштата („Службен лист на СФРЈ“ бр.50/1982).
– Упатството за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај бр.07-12739/1
од 30 декември 2004 година, донесено од Директорот на Царинската управа при
Министерството за финансии.
(Реферат У.бр.31/2009)
8. Одлука за преземање на водоводот од МЗ Љубаништа, број 07-561/25 од
31.03.2006 година, донесена од Советот на Општина Охрид („Службен гласник“ бр.
3 од 04.04.2006 година).
(Реферат У.бр.49/2009)