Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 6-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 25.02. 2009
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 112 во деловите: „што го добива фонограмскиот продуцент„ и „во
согласност со член 119 од овој закон“ и член 119 во деловите: „без дозвола на
фонограмскиот продуцент“, „му“ и „на фонограмскиот продуцент“од Законот за
авторското право и сродните права („Службен весник на Република Македонија“ бр.
47/1996, 3/1998, 98/2002, 4/2005 и 131/2007).
(Реферат У.бр.187/2008)
2. Член 134-л од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/ 2004, 79/2007, 18/2008
и 88/2008).
(Реферат У.бр.218/2008)
3. – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на
пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното
ослободување или двојното оданочување донесен од министерот за финансии
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2007), и
– Точка 1 од Оперативната инструкција за начинот на постапување на вработените
во Управата за јавни приходи, по однос на примената за Законот за изменување и
дополнување на Законот за данокот на добивка, освен за измените од Глава VII –
а „Паушал за микропретпријатијата, објавена во („Службен весник на Република
Македонија“ бр.139/2006).
(Реферат У.бр.47/2008)
4. Одлуката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за
Централно градско подрачје на град Скопје „Мал Ринг“ дел од Блок 1, Блок 6 и
Блок 7 – Општина Центар – Скопје, број 07-1768/4 од 9 јули 2008 година,
донесена од Советот на општина Центар („Службен гласник на општина Центар“ бр.
7/2008),
(Дополнителен реферат У.бр.154/2008)
5. Член 1 став 1 од Условите за осигурување од автомобилска одговорност,
донесени од Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување и
реосигурување „Кјуби Македонија“ – Скопје, со Одлука број 0202-1082/3 од 25
април 2006 година, а изменети со Одлука број 0202-1159/1 од 9 мај 2006 година.
(Реферат У.бр.197/2008)