Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 18.02. 2009
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 8 став 2 од Законот за постапување по претставки и предлози („Службен
весник на Република Македонија“ бр.82/2008).
(Реферат У.бр.169/2008)
2. Член 7-а во делот: „да не бил казнуван во Република Македонија со казна
затвор во траење од најмалку една година, за дела за кои се гони по службена
должност и кои се казниви според прописите во Република Македонија„ од Законот
за државјанството на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр.67/1992, 8/2004 и 98/2008).
(Реферат У.бр.174/2008)
3. Глава единаесетта „Електронски комуникации во воена и вонредна состојба“ и
членовите 106, 107, 108 и 109 од Законот за електронските комуникации („Службен
весник на Република Македонија“ бр.13/2005, 14/2007, 55/2007 и 98/2008)
(Реферат У.бр.180/2008)
4. Член 15 став 11 и член 22 став 11 од Законот за градење („Службен весник на
Република Македонија“ бр.51/2005 и 82/2008).
(Реферат У.бр.183/2008)
5. Член 1 од Законот за вработување на инвалидните лица („Службен весник на
Република Македонија“ бр.44/2000, 16/2004, 62/2005, 115/ 2005, 29/2007 и
88/2008).
(Реферат У.бр.222/2008)
6. – Член 7 став 3 и член 266 од Царинскиот закон („Службен весник на Република
Македонија“ бр.39/2005 и 4/2008) и
– Член 20 од Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон („Службен
весник на Република Македонија“ бр.4/2008)
(Реферат У.бр.251/2008)
7. – Член 5 ставови 3 и 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на
Република Македонија“ број 61/2004, 92/2007 и 102/2008).
– Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот („Службен
весник на Република Македонија“ бр.50/2005), донесена од Владата на Република
Македонија.
(Реферат У.бр.258/2008)
8. Одлуката за основање на Државен студентски дом во Гостивар („Службен весник
на Република Македонија“ број 97/2007) донесена од Владата на Република
Македонија.
(Дополнителен реферат У.бр.234/2007)
9. Одлука за определување на надоместок за присуство на седници и надоместок на
патни и дневни трошоци на членовите на Советот на општина Ѓорче Петров.
(Реферат У.бр.244/2008)
10. Одлуката за потврдување на Одлуката за доделување на средства од Буџетот на
општина Аеродром за 2008 година на КУД „Никола Јонков Вапцаров“ број 07-8868/22
од 15.12.2008 година донесена од Собранието на Република Македонија и објавена
во „Службен гласник на општина Аеродром“ бр.16/2008 од 15 декември 2008 година.
(Реферат У.бр.256/2008)