Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 37-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 20.11. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 37-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 20.11. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 23 став 2 точка 5 во делот: „правосилно е осуден за кривично дело за
безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или“, од Законот за адвокатура
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2002, 60/2006 и 29/2007).
(Реферат У.бр.87/2008)

2. Член 35 став 1 точка 6, член 36 и член 36-а од Законот за судовите („Службен
весник на Република Македонија“ бр.58/ 2006 и 35/2008).
(Реферат У.бр.104/2008)

3. Член 14 став 3 во делот „спротивно на важечкиот урбанистички план или
спротивно на одредбите на овој закон и Законот за градење“, став 4 првата
реченица во делот „само за градби кои ќе се градат по донесување на планот“,
втората реченица во делот „легално“ и став 5 од Законот за просторно и
урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија„ бр.51/2005,
137/2007 и 24/2008 – пречистен текст).
(Реферат У.бр.130/2008)

4. Член 18 став 4 од Законот за управната инспекција („Службен весник на
Република Македонија“ бр.69/2004, 22/2007 и 115/ 2007).
(Реферат У.бр.131/2008)

5. Член 27 став 3 и член 29 став 2 точка 3 од Законот за трговските друштва
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/1997, 7/2000, 89/2004, 54/2007
и 103/2008).
(Реферат У.бр.153/2008)

6. Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради
приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во
периодот од 2000 до 2004 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.
87/2008) во целина и посебно: членот 1, членот 2 алинеи 3 и 4 и членот 6.
(Реферат У.бр.155/2008)