Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 34-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 29.10.. 2008
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:
1. Член 38 став 3 од Законот за здравствено осигурување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.25/2000, 96/ 2000, 50/2001,11/2002, 31/2003, 84/2005,
37/2006 и 36/2007).
(Реферат У.бр.108/2008)
2. Глава VII-а „Поедноставен даночен режим за трговските друштва и член 20 од
Законот за добивка („Службен весник на Република Македонија“ бр.160/2007).
(Реферат У.бр.115/2008)
3. Член 82 став 2 од Законот за енергетика („Службен весник на Република
Македонија“ бр.63/2006, 36/2007 и 106/2008).
(Реферат У.бр.139/2008)
4. Член 366 став 4 од Законот за трговските друштва („Службен весник на
Република Македонија” бр.28/2004, 84/2005, 25/2007 и 87/2008)
(Реферат У.бр.144/2008)
5. Член 38 став 9 во делот: „критериумите за издавање на одобрение за сеча и“
од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр.47/1997,
7/2000, 89/2004, 54/2007 и 103/2008).
(Реферат У.бр.182/2008)
6. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за издавање на
документ касова сметка за сторна трансакција и за функционалните и техничките
карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот
автоматски систем на управување („Службен весник на Република Македонија” бр.
25/2008), донесен од министерот за финансии на Република Македонија.
(Реферат У.бр.134/2008)
7. Одлука за определување на висината на надоместокот за одржување на уредено
градежно земјиште број 07-155/18 од 30 јануари 2008 година, донесена од Советот
на општина Ресен („Службен гласник на општина Ресен“ бр.1/2008).
(Реферат У.бр.147/2008)
8. Одлука број 306-1-03 од 28 декември 2000 година, донесена од Управниот одбор
на Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП.
(Реферат У.бр.158/2008)
9. Одлука за избор на Вршител на должноста на Градоначалник на општина Карпош
број 07-2318/8 од 27.08.2008 година, донесена од Советот на општина Карпош.
(Реферат У.бр.205/2008)