Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 15.10.. 2008
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Законот за вработување на странци („Службен весник на Република Македонија“
бр.70/2007) и тоа: член 7 став 2 точка 3, член 7 став 2 точка 4 во делот: „ако
ја прекршил законската регулатива за работни односи“, член 8 став 11 во делот:
„дека не му е изречена прекршочна санкција за сторен прекршок согласно со овој
закон и“, член 12 став 10 во делот: „ако не му била изречена прекршочна
санкција за сторен прекршок согласно со овој закон во тој период и“, член 12
став 11 во делот: „и кој во тој период не му била изречена прекршочна санкција
за сторен прекршок утврден во овој закон“, член 12 став 12 во делот: „ако
странецот за време на важноста на претходната работна дозвола нему била
изречена прекршочна санкција согласно со овој закон и“, член 13 став 2 точка 4,
член 15 став 5 во делот: „ако во последните три години пред поднесувањето на
барањето за работна дозвола на странскиот работодавач или странец, не му била
изречена прекршочна санкција согласно со овој закон“, член 22 став 3 во делот:
„Дозволата ќе се издаде, доколку во последните две години пред поднесувањето
на барањето за работна дозвола на странецот, не му е изречена прекршочна
санкција за сторен прекршок согласно со овој закон“, член 25 став 6 во делот:
„и доколку за странецот како физичко лице немало изречена прекршочна санкција
во текот на тој период за извршен прекршок, во согласност со овој закон“, член
26 став 3 во делот: „Дозволата за работа се издава, доколку последните три
години пред да се поднесе барањето за работна дозвола на клиентот, кој ја врши
услугата или лицето киое е наведено во ставот 1 на овој член, не му била
изречена прекршочна санкција за извршен прекршок во согласност со овој закон“,
член 42 став 1 во делот: „лажна изјава за изречена прекршочна санкција за
прекршок согласно со овој закон или“ и член 42 став 3 во делот: „лажна изјава
за изречена прекршочна санкција за прекршок согласно со овој закон“.
(Реферат У.бр.2/2008)
2. Член 5 став 1 точка 1 во делот: „непрекинато“ од Законот за работните односи
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005 и 106/2008)
(Реферат У.бр.18/2008)
3. Член 56 став 2, втората реченица и став 4, втората реченица од Законот за
даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/2004,
92/2007 и 102/2007)
(Реферат У.бр.166/2008)
4. – Одлуката за одобрување на еднократна парична помош бр.07-239/8 (за лицето
Илија Шаркоски од Обршани);
– Одлуката за одобрување на еднократна парична помош бр.07-239/10 (за лицето
Ладе Ефтинџиоски од Обршани);
– Одлуката за одобрување на еднократна парична помош бр.07-239/11 (за лицето
Трајан Чагароски од Кривогаштани);
– Одлуката за одобрување на еднократна парична помош бр.07-239/12 (за лицето
Кирил Најдоски од Крушеани) и
– Одлуката за одобрување на еднократна парична помош бр.07-239/13 (за лицето
Васо Мицески од Годивле).
(Реферат У.бр.120/2008)
5. Одлуката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за
Централно градско подрачје на град Скопје „Мал Ринг“ дел од Блок Б1, Блок Б2 и
Блок Б7 – Општина Центар – Скопје („Службен гласник на општина Центар“ бр.
7/2008 )
(Реферат У.бр.154/2008)
II. СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ:
1. Решавање на судир на надлежност по предметот У.бр.143/2008