Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.09. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 24.09. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 2 точка 2, точка 7 алинеја 2 и точка 9, како и член 18 од Законот за
приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост („Службен
весник на Република Македонија“ бр.4/2005 и 13/2007).
(Реферат У.бр.27/2008)

2. Член 218 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република
Македонија“ бр.40/2008).
(Реферат У.бр.73/2008)

3. Член 24 став 2 од Правилникот за единствените критериуми и постапката за
избор на наставно-научни, наставни, наставно-стручни и соработнички звања на
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, донесен од Универзитетскиот сенат
на 3 февруари 2003 година.
(Реферат У.бр.99/2008)

4. Правилник за систематизација на работните места во Казнено поправната
установа ЗАТВОР-СКОПЈЕ Стопанска единица „8 Септември“ бр.0101-1461/1, донесен
од Директорот на установата по предходна согласност на Директорот на Управата
за извршување на санкциите на 29 јули 2008 година.
(Реферат У.бр.157/2008)